Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Европски реформи во НБА: Изменети неколку правила, играта ќе биде поинтензивна

НБА лигата зема пример од ФИБА

Кошаркарската асоцијација на САД се обидува да измени неколку правила за претстојната сезона со што би ја забрзале играта. 

По пример на ФИБА, во НБА-лигата отсега секој напад при офанзивен скок ќе трае 14 секунди, наместо 24 секунди како што беше досега. Промената на ова правило значително ќе ја забрза играта, односно би се постигнувале повеќе кошеви, бидејќи играчите ќе имаат помалку време за да ја искористат „втората шанса“. ФИБА ова правило го применува од 2014 година, додека во САД се применува во развојната лига на НБА, како vo и женската лига на НБА.

Покрај ресетирањето на часовникот за напад, правилото за неспортски фаул ќе биде поедноставено. При фаул од позади врз играч кој ја има топката на противничка половина, а притоа му е слободен патот кон кошот, судиите ќе доделуваат две слободни фрлања и топка од страна, додека казните за непријателски чин, односно фаул со намера, ќе бидат поригорозни бидејќи судиите ќе имаат поголема слобода при донесувањето одлуки при вакви ситуации.

Асоцијацијата веќе испратила документи до сите генерални менаџери на НБА-франшизите, потребни се повеќе од 65% гласови со цел овие правила да бидат прифатени и усвоени за новата сезона, а финалната одлука ќе се знае по завршувањето на седницата која е закажана на 20-21 септември.

Најнови вести