Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Фенербахче најде замена за Ванамејкер

Втор НБА-ангажман за турскиот гигант ова лето

Фенербахче го доведе бекот Тајлер Енис во своите редови. Канаѓанецот потпиша едногодишен договор со можност да се продолжи на уште една година, доколку и двете страни се задоволни од соработката.

Енис пристигна како замена за Бред Ванамејкер, кој летово се приклучи на тимот на Бостон селтикс. Енис ќе дебитира во Евролигата, како и во турското првенство, по четиригодишната авантура во Феникс, Милвоки, Хјустон и Лејкерс. Дваесет и шестгодишниот бек е второ засилување за Жељко Обрадовиќ, oткако претходно пристигна францускиот центар Џефри Ловерн од Сан Антонио.

Најнови вести