Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Давитков го објави списокот, првиот собир закажан на 31-ви август

Сениорите пред нов тест, на патот кон Евробаскет 2021 ни пречат Косово и Романија

Селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, го објави списокот на кошаркари кои се повикани за претстојните натпревари против Косово и Романија во рамките од втората фаза во претквалификациите за Евробаскет 2021.

Во репрезентацијата се очекува враќање на Марко Симоновски, кој по подолго време повторно ќе ги брани боите на нашата земја, додека новото име во селекцијата е Шејн Витингтон.

Првиот собир е закажан за 31-ви август, со почеток во 20 часот во СЦ „Јане Сандански“, додека натпреварите се закажани на 13-ти септември против Косово на гости, односно на 16-ти септември против Романија пред своја публика.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ПРВ СОБИР СЕНИОРИ:

1.       Војдан Стојановски
2.       Дамјан Стојановски
3.       Александар Костоски
4.       Дарко Соколов
5.       Адем Мекиќ
6.       Бобан Стајиќ
7.       Андреј Магдевски
8.       Ненад Димитријевиќ
9.       Димитар Караџовски
10.   Стојан Ѓуроски
11.   Предраг Пајиќ
12.   Бојан Трајковски
13.   Марко Симоновски
14.   Кирил Николовски
15.   Љубомир Младеновски
16.   Бојан Крстевски
17.   Андреј Маслинко
18.   Ричард Хендрикс
19.   Шејн Витингтон

 

Најнови вести