Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2018

Компани: Не изгубивме однапред од Бразил

Винсан Компани, репрезентативецот на Белгија, изјави дека никој од „црвените ѓаволи“ нема бессони ноќи поради четврт-финалниот дуел со Бразил.

Бразил до четврт-финалето дојде со сигурна победа над Мексико, додека Белгија дури во продолжението, по пресвртот, ја совлада Јапонија.
И покрај тоа, искусниот Винсан Компани изјави дека неговиот тим нема од што да се плаши пред дуелот со петкратниот светски шампион.
„Кога ќе ги погледнеме поединечно играчите, Бразил е најсилниот тим на првенството. Тоа е комплимент кој, сепак, не ги одредува нашите шанси во четврт-финалето. Никој од нас нема бессони ноќи со мисли дека веќе сме изгубиле од Бразил“, изјави белгискиот репрезентативец.
„Дефанзивно се добри, во нападот не се плашат да одат еден на еден. Меѓутоа, ќе ги гледаме во очи. Нема да го набљудуваме овој натпревар како дуел меѓу поединци, бидејќи тогаш веќе однапред сме изгубиле“, додаде Компани.
Белгија и Бразил ќе играат утре, од 20 часот.

Најнови вести