Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2018

Даглас Коста подготвен за Белгија, Марсело и понатаму неизвесен

Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста се врати на тренинзите на националниот тим откако заздрави по повредата на мускулот.

Коста тренираше одвоено од тимот по повредата која ја здоби на натпреварот против Костарика на 22 јуни.
Тој се врати на тренинзите со останатите соиграчи ден откако Бразил обезбеди пласман во четврт-финалето по победата над Мексико.
Марсело не играше во осминафиналето откако се повреди на стартот на натпреварот со Србија и иако имаше најави дека би можело да настапи против Мексико, тоа не се случи и натаму е неизвесно дали ќе заздрави за натпреварот со Белгија.
Натпреварот е на програмата во петок во 20 часот.

Најнови вести