Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2018

Глумата на Нејмар на Светското првенство траеше 14 минути

Бразилскиот офанзивен играч Нејмар на Светското првенство во Русија постојано е цел на противничките фудбалери, па над него често се прават прекршоци. Но, тој речиси секоја ситуација ја користи да одглуми, па сè прерасна во отсуство на добар вкус.

Театралниот Нејмар со своето симулирање и претерување паѓа во очи, па и швајцарскиот РТС Спорт реши да измери колку точно временски траело неговото „умирање“ на теренот.
Ѕвездата на бразилскиот тим на теренот, оправдано и неоправдано, по разните прекршоци поминала 14 минути. Драмата на Нејмар најмногу дојде до израз на натпреварот од осминафиналето против Мексико, кога по стартот на Мигел Лајун, дури пет и пол минути ги помина во агонија.
Навистина, Нејмар е играч над кого на Мундијалот во Русија се направени најмногу фаули, дури 23, но тоа не ја оправдува неговата претстава.
За глумата на Нејмар на социјалните мрежи се појавија многу духовити видеоклипови, како и фотомонтажи.

Најнови вести