Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2018

Тите: Способни сме да ја победиме Србија

Селекторот на Бразил нагласи дека воопшто не размислува за потенцијалниот дуел со Германија во осминафиналето.

Бразил вечерва во 20 часот игра со Србија во третото коло, а можно е веќе на следниот натпревар да се сретне со Германија, која „киксна“ во првото коло и загуби од Мексико. 
„Не смееме да размислуваме за тоа и ве уверувам дека е така. Успех на Мундијал се гради така што се станува сè посилен како поминува времето“, изјави Тите и додаде:
„Сега пред нас е Србија која има квалитет – Коларов, Ивановиќ, Милинковиќ-Савиќ, Митровиќ, Матиќ... Добри се во скок играта, имаат врвни играчи, но способни сме да ги неутрализираме, не смееме да правиме фаули на крилните позиции. На Светските првенства многу се важни односите во тимот, на лојалноста, а противникот може да биде кој и да е. Свесни сме на емоциите и притисокот, нам ни останува да бидеме смирени“.
По ремито со Швајцарија 1-1 и победата над Костарика со 2-0, Тите истакна дека пред неговиот тим е клучниот натпревар.
„За грешките кои ги направивме нема да зборувам јавно. Секако мораме да поправиме некои работи, нема бегање од тоа“, продолжи бразилскиот селектор.
Нејмар беше многу критикуван поради симулирање, а против Костарика постигна гол:
„Тој е талентиран фудбалер, но уште е во фаза на заздравување од повредата. Против Костарика одигра многу подобро отколку на првиот меч, можеби со Србија ќе го одигра најдобриот натпревар. Целиот тим победува или губи, не е сè на него“, заврши Тите.

Најнови вести