Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2018

Бразил дефинитивно ослабен до крајот на Мундијалот

Данило, одбранбениот фудбалер на Манчестер сити, дефинитивно до крајот на Светското првенство нема да може да им помогне на своите соиграчи, потврди Фудбалскиот сојуз на Бразил.

Дваесет и шестгодишниот дефанзивен играч на вчерашниот тренинг ги повреди лигаментите на глуждот на левата нога и по деталните лекарски прегледи е заклучено дека до завршувањето на Мундијалот нема да може да му биде на располагање на селекторот Тите.
Данило го одигра целиот натпревар против Швајцарија во второто коло на групната фаза на Светскиот шампионат, а поради повреда ги пропушти дуелите со Србија и со Мексико во осминафиналето.
Одбранбениот фудбалер инсистираше да остане со тимот до крајот на Светското првенство во Русија, а во стартната постава ќе го замени Фагнер.
Фудбалерот на Манчестер сити кариерата ја почна во Америка Минеиро, а потоа играше во Сантос, Порто и Реал Мадрид, од кого во јули минатата година направи трансфер на „Етихад“.
Бразил вечерва, во 20 часот, во четврт-финалето на Мундијалот во Казањ ќе се сретне со Белгија, а натпреварот ќе го суди Србинот Милорад Мажиќ.

Најнови вести