Корисничко име Лозинка Пријави се
15.4.2015

Гереро боледува од денга-грозница

Паоло Гереро, некогашниот голгетер на Берн Минхен и на Хамбургер, а моментно напаѓач на бразилскиот Коринтијанс, бил примен во болница во Сао Паоло со симптоми на денга-грозница.

Гереро е хоспитализиран со силни болки во телото и висока температура, пренесе агенцијата „АП“.
Лекарите се посомневале дека Гереро заболел од денга-грозница, која ја предизвикуваат посебен вид комарци, а тоа го потврдиле и вчерашните тестови.
Се очекува 28-годишниот напаѓач да биде отсутен околу две седмици.
Гереро, кој е најдобар стрелец на Коринтијанс, најверојатно ќе ги пропушти последните два натпревари во групната фаза на Купот Либертадорес.

Најнови вести