Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2013

Пато потпиша за Коринтијанс

Довчерашниот фудбалер на Милан, Алешандре Пато, потпиша четиригодишен договор со Коринтијанс, објави бразилскиот клуб на својата интернет страница.

Трансферот за кој се пишуваше последните денови доби и официјална потврда.
Дваесет и тригодишниот бразилски напаѓач кој последните пет и пол години беше член на Милан се врати во татковината во дресот на актуелниот светски клупски шампион. Коринтијанс на Милан му платил 15 милиони евра за отштета, а Пато во новиот клуб ќе го носи дресот со број седум.
Напаѓачот во Милан дојде од Интернасионал како голем талент, но поради серијата повреди кариерата му стагнираше. Сезонава во Серија А имаше само четири настапи, а притоа не постигна ниту еден гол.
За бразилската репрезентација досега одигра 22 натпревари и девет пати се запиша во листата на стрелците. Токму желбата да игра за Бразил на домашното Светско првенство идната година го натера да се врати во својата родна земја за да ја врати загубената форма.

Најнови вести