Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

По Кастилјехо, во Милан доаѓа и Лаксал

„Росонерите“ ја минаа границата од 100 милиони евра вложени во нови засилувања

Милан вчера постигна договор со крилото на Вилјареал, Саму Кастилјехо (19 милиони евра), а денес „росонерите“ се согласија на траснфер на уште еден крилен играч, Диего Лаксал од Џенова. Ангажманот на уругвајскиот репрезентативец ќе чини 18 милиони евра, додека медицинските прегледи се закажани за утре. Дваесет и петгодишниот фудбалер очигледно му оставил добар впечаток на Гатузо со настапите за Уругвај на Мундијалот во Русија.

Со овие два трансфери Гатузо полека го состави тимот за новата сезона, во која имаат големи амбиции, атак кон позиција која води во Лигата на шампиони, па можеби и титула, но, тука најпрво ќе се прашува Јувентус.

Најнови вести