Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Лацио го задржува Милинковиќ-Савиќ со нов договор и поголема плата

Србинот летово беше главна тема и цел на Реал, Јувентус, Милан, ПСЖ, Челзи, Манчестер јунајтед...

Лацио, сепак, ќе го задржи Сергеј Милинковиќ-Савиќ за оваа сезона, а раководството на клубот подготвува нов договор за српскиот репрезентативец. Според италијанските медиуми, новата плата на Сергеј ќе изнесува три милиони евра годишно, двојно повеќе од моменталната заработка.

Играчот за врска на „лацијалите“ летово беше топ тема на трансфер-пазарот, произлегоа неколку шпекулации дека дури шест клубови беа подготвени да платат 150 милиони евра, но официјална понуда не стигна до Рим. Најзагреани за неговиот потпис беа Јуве и Милан, пред сè „старата дама“, но ангажманот на Роналдо значително ги намали средствата на италијанскиот првак.

Најнови вести