Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Милан доведе уште двајца играчи

„Росонерите“ се засилија со фудбалери од Џенова и Вилјареал

Милан и официјално во своите редови ги доведе левиот бек Диего Лаксалт од Џенова и крилниот играч на Вилјареал, Самуел Кастилјо. За Лаксалт беа платени 18 милиони евра. Бекот, всушност, се враќа во градот Милано. Уругвајскиот репрезентативец кога дојде во Европа, потпиша за Интер, но не одигра ниту еден меч за „нераѕурите“. Како позајмен играч беше во Болоња, Емполи, а потоа и во Џенова, каде што најдобро се снајде. Во дресот на Џенова одигра 117 меча и даде 12 погодоци. 
Доаѓањето на Кастилјо, всушност, е размена на играчи со Вилјареал. Од Милано во редовите на шпанскиот тим замина Карлос Бака. Кастилјо беше еден од најстандардните играчи на „жолтата подморница“ и во последните три години имаше 127 меча и 15 погодоци. 
Милан се надева дека во новата сезона конечно ќе успее да се врати на старите победнички патеки и да се бори за висок пласман во Серија А. 

 

Најнови вести