Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

„Гранде“ Малдини повторно во Милан

Легендата на „росонерите“ добива директорска функција

Некогашниот капитен на Милан, Паоло Малдини, официјално се врати во италијанскиот гигант, ќе биде директор за стратешки развој. Поранешниот дефанзивец ја прифати оваа функција по инсистирање на новите сопственици и првиот оперативец на клубот, Леонардо.

„Новата ера на Милан продолжува да се зајакнува во сите сегменти. Паоло Малдини е легенда која долги низ години ги бранеше нашите бои, неговото влијание несомнено ќе придонесе овој клуб во иднина да стане уште поголем“, пишува во соопштението на клубот при официјализирање на соработката.

Најнови вести