Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2018

НБА отвора продавница во Милано

Ова ќе биде прва ваква продавница за официјални НБА-производи во Европа

Кошаркарската НБА-лига во текот на наредната сезона ќе отвори своја официјална продавница во Милано, и тоа ќе биде прв таков објект во Европа. НБА има две главни продавници во Њујорк, годинава една се отвори во катарската престолнина Доха, а пред Нова година ќе има и една во италијанскиот град на модата. 

Во тие НБА-продавници се продаваат само официјални и оригинални продукти, како дресови, маици, приврзоци и останати производи поврзани со НБА-тимовите. Желбата е продавницата во Милано да се отвори пред католичкиот Божик на 25-ти декември. 

Локацијата во Милано ќе биде во Галерија Пасарела, многу блиску до плоштадот „Сан Бабила“. Со отворањето на продавницата во Европа, ќе се зголеми продажбата и на Стариот Континент, што е голем плус за маркетингот на лигата. Европските љубители на НБА веќе нема да чекаат и да мораат да нарачуваат оригинални производи кои долго патуваат со бродови. 

 

Најнови вести