Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Црвена звезда не може без Македонец: Џордан Теодор последен дел oд сложувалката

Вицешампионот на АБА сериозно се интересира за услугите на привремениот натурализиран македонски репрезентативец, Џордан Теодор

Раководството на Црвена звезда е во потрага по квалитетен огранизатор на игра со кој би го комплетирале „мозаикот“ за новата сезона. „Црвено-белите“ вчера го договорија и шестото засилување, пристигна искусниот Стратос Перпероглу, а при евентуалниот ангажман на Теодор, Звезда повторно ќе има македонски кошаркар во составот, по Перо Антиќ.

Теодор минатата година прифати да ги брани боите на Македонија, непосредно по освојување на МВП наградата во ФИБА Лигата на шампиони, но не ги оправда очекувањата во квалификацискиот циклус за СП 2019, каде нашата репрезентација доживеа дебакл од Естонија и Косово. 

Дваесет и осумгодишниот организатор на игра минатата сезона настапуваше во дресот на Армани Милано, во Евролигата одржуваше просек од 11.6 поени и 4.3 асистенции по натпревар, додека европското искуство го калемел и во Турција, Германија и Франција.

 

Најнови вести