Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Стариот тим на Роналдо го растури новиот клуб на Португалецот

Реал Мадрид со 3:1 победи во пријателски меч одигран ноќеска во САД

Реал Мадрид уште еднаш покажа зошто е европски првак, откако со 3:1 го победи Јувентус, во меч од летниот Куп на шампиони во САД. Јувентус во своите редови ги немаше двете најголеми засилувања кои ги донесе ова лето, Кристијано Роналдо и повтарникот Леонардо Бонучи. 
Роналдо во Јувентус дојде токму од Реал Мадрид, каде ги помина претходните девет години. Реал и без Португалецот игра одлично, а главна ѕвезда во тимот е Герет Бејл. Јувентус поведе со автоголот на Карвахал во 12 минута, а токму Бејл израмни во 39 минута со прекрасен шут од околу 20 метри. 
Во второто полувреме за Реал блесна Асенсио, кој со погодоците во 47 и 56 минута донесе сигурен триумф на Реал Мадрид од 3:1. Иако не даде ниту еден гол, новиот играч на Реал Мадрид, Виничиус Жиниор го доби приматот за најдобар фудбалер на средбата. 
Освен дуелот меѓу Реал и Јувентус, ноќеска играа и Милан и Барселона, а поуспешни беа „росонерите“ со 1:0. Силва го даде единствениот погодок и тоа во 93 минута од средбата. 

 

Најнови вести