Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Ништо од бомбата, Милинковиќ-Савиќ не оди во Милан!

„Росонерите“ нема да го ангажираат Србинот за кого се говореше дека ќе се пресели од Лацио во Милан

Сергеј Милинковиќ-Савиќ можеби ќе го напушти Лацио, но неговиот нов клуб нема да биде Милан. За српскиот фудбалер многу се зборуваше, медиумите во Србија и Италија тврдеа дека работата околу преминот во Милан е готова, но тоа нема да се случи. Последната верзија беше дека тој ќе замине на позајмица вредна 40 милиони, со можност следното лето да се платат уште 80, па тој да потпише траен договор со Милан. 
На официјалната интернет-страница на Милан објавено е соопштение во кое клубот вели дека со потписите на Шпанецот Самуел Кастилјехо (дојде од Вилјареал) и Уругваецот Диего Лаксалт (досегашен член на Џенова), преодниот рок за Милан е завршен, што се однесува до доведувањето фудбалери. 
Нов член на Милан стана и Темуе Бакајоко, кој денеска полни 24 години и ќе биде претставен пред новинарите.
За Србинот Савиќ интерес има и од Јувентус и од Реал Мадрид, но ако до вечерва не ја промени средината, тешко дека Лацио подоцна ќе сака да се откаже од него.  

 

Најнови вести