Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2013

Навивачите на Коринтијанс бараат Пато да си оди од клубот

Според пишувањата на бразилските медиуми, дел од навивачите на Коринтијанс извршија притисок на управата на клубот да се реши од 24-годишниот напаѓач Алешандре Пато.

Навивачите не може да му го простат катастрофално изведениот пенал со паненка од минатата седмица против Гремио, кој ги чинеше испаѓање од четврт-финалето на Бразилскиот куп.
Пато во Коринтијанс стигна во јануари оваа година од Милан за оштета од 15 милиони евра. До трансферот дојде откако повредите претходно го лимитираа само на 25 натпреварувачки настапи во претходните две години во Милан. Во дресот на Коринтијанс Пато досега постигна осум голови во 24 лигашки средби, а според мислењето на навивачите, не ги оправдал парите вложени во неговото купување.
Наводно, интерес за негово купување покажале лондонските ривали Тотенхем и Арсенал.

Најнови вести