Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2013

Роналдињо и Нејмар ќе го предводат Бразил против Боливија

Некогашниот најдобар светски фудбалер Роналдињо, како и актуелниот најголем бразилски талент Нејмар ќе ја предводат репрезентацијата на петкратниот светски шампион во саботниот пријателски натпревар против Боливија во Санта Круз.

Станува збор за натпревар од хуманитарен карактер бидејќи целиот приход ќе биде дониран на семејството на Кевин Спејд, 14-годишното момче кое смртно настрада во февруари откако го погоди навивачка ракета во текот на дуелот меѓу боливискиот Сан Хосе и бразилскиот Коринтијанс. Со оглед на тоа дека натпреварот не е во официјалниот календар на Меѓународната фудбалска федерација, бразилскиот селектор Луис Фелипе Сколари не можеше да повика играчи од Европа, па се одлучи на комбинација на младост и искуство од националната лига.
Освен Роналдињо и Нејмар, меѓу останатите, повикани се и Алешандре Пато, Андре Сантос и Леандро Дамијао.
„Очекувам дека во овој натпревар ќе видам играчи кои би можело да се најдат и на списокот на најсилната репрезентација“, изјави Сколари.
Бразилската репрезентација за пријателскиот натпревар против Боливија:
Голмани: Џеферсон (Ботафого), Матеус Видото (Коринтијанс)
Одбранбени играчи: Даглас Сантос (Наутика), Андре Сантос (Гремио), Ревер (Атлетико Минеиро), Дорија (Ботафого), Деде (Васко де Гама)
Играчи за врска: Жеан (Флуминенсе), Ароука (Сантос), Ралф (Коринтијанс), Паулињо (Коринтијанс), Жадсон (Сао Пауло)
Напаѓачи: Нејмар (Сантос), Роналдињо (Атлетико Минеиро), Алешандре Пато (Коринтијанс), Леандро Дамијао (Интернасионал), Освалдо (Сао Пауло), Леандро (Палмеирас).

Најнови вести