Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Бразилците знаат дека Нејмар ќе си оди од ПСЖ?

Ниту една бразилска телевизија не ги откупи правата за пренесување на француското првенство

Шпекулациите дека Реал Мадрид го чува дресот со број 7 за бразилската суперѕвезда Нејмар се засилија откако беше потврдено дека ниту една телевизија во Бразил не ги откупи правата за францускиот шампионат, каде што во моментов игра Нејмар. Фудбалерот на ПСЖ тврдеше дека сигурно останува во Париз и оваа сезона, но до 31-ви август можно е да ја промени средината и да се врати во Шпанија. 
Во својата земја Нејмар го гледаат како полубог и затоа несфатливо е како ниту една телевизија не сака да ги пренесува мечевите на коишто игра тој. Со присуството на Килијан Мбапе, кој е Французин, на Нејмар му се заканува опасност да не биде главна ѕвезда во својот тим и затоа можеби ќе сака да се пресели во редовите на европскиот првак и да си ги зголеми шансите да стане најдобар светски фудбалер. 
Лани Нејмар прејде од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, а летово Реал за него би платил и околу 300 милиони, за да го намали негодувањето на своите фанови по продажбата на Кристијано Роналдо. 
На Реал може да му помогне и УЕФА, која до 30-ти август ако го казни ПСЖ за прекршување на финансискиот фер плеј, „светците“ ќе мора да ги продадат Мбапе (в понеделник му истекува позајмицата од Монако) или Нејмар. 

 

Најнови вести