Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

УЕФА ќе го принуди ПСЖ да ги продаде Нејмар или Мбапе

Францускиот првак ги прекршува правилата за финансиски фер плеј

Европската фудбалска федерација (УЕФА) може да го принуди францускиот првак Пари Сен Жермен да продаде една од двете најголеми ѕвезди во екипата. Се верува дека францускиот клуб ги има нарушено правилата за финансиски фер плеј и токму поради тоа ќе мора да се раздели или со Нејмар или со Килијан Мбапе. 
Доколку биде докажано дека ги има прекршено правилата за финансиски фер плеј, ПСЖ може да биде и финансиски драстично казнет, но и да добие забрана за купување играчи во одреден временски период. 
Нејмар и Мбапе беа доведени минатото лето. За бразилската ѕвезда беа платени рекордни 222 милиони евра, додека францускиот тинејџер беше доведен од Монако за сума од 180 милиони евра. 

 

Најнови вести