Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Прв трофеј за Буфон во ПСЖ

Парижаните предводени од двојниот стрелец Ди Марија, во кинескиот град Шенжен, го растурија Монако во францускиот Суперкуп

Пари Сен Жермен беше подобар од Монако со 4:0, во францускиот Суперкуп. Натпреварот се играше во кинескиот град Шенџен, а победникот беше одлучен со по два гола во првото и второто полувреме. 
Најпрвин, во 33. минута, Анхел Ди Марија со убав гол од слободен удар им донесе предност на „светците“, а седум минути подоцна, Кристофер Нкунку, немаше тешка задача од непосредна близина да ја затресе мрежата на Монако и да ја круниса убавата акција на ПСЖ. Потоа во 67. минута, 18-годишниот Тимоти Веа погоди за 3-0 по додавања од двојниот асистент Стенли Нсоки. Серијата ја заврши Ди Марија во 92 минута. 
Во тимот на тренерот Томас Тухел ги немаше напаѓачките ѕвезди Единсон Кавани и Килијан Мбапе, Нејмар влезе во 76 минута, но и тоа не беше пречка за ПСЖ да демонстрира моќ и да потврди дека во Франција, немаат сериозна конкуренција, дури и кога се некомплетни. Затоа пак, прв трофеј откако застана на голот на ПСЖ освои италијанската легенда Џанлуиџи Буфон, кој летово од Јуве се пресели во Париз. 

 

Најнови вести