Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2014

Навивачите на Коринтијанс го давеа својот напаѓач Гереро

Навивачите на бразилскиот Коринтијанс го нападнаа перуанскиот напаѓач Паоло Гереро откако упаднаа во тренинг-кампот протестирајќи поради лошите резултати на екипата.

Марио Гоби, претседателот на клубот од Сао Пауло, изјави дека протестот прераснал во насилство и дека навивачите го зграбиле Гереро за вратот, пренесуваат бразилските медиуми.
Тој додаде дека биле нападнати и останатите вработени во клубот кога 100 навивачи упаднале во центарот барајќи да разговараат со играчите и тренерите.
Никој не е сериозно повреден во инцидентот во тренинг-центарот кој ќе го користи репрезентацијата на Иран за време на Светското првенство налето.
„Се обидоа да го задават играчот кој го постигна најважниот гол во клупската историја. Не го заслуживме ова“, изјави Гоби за локалното радио.

Најнови вести