Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2014

Пато на заем во Сао Пауло

Коринтијанс соопшти дека Алешандре Пато, поранешниот напаѓач на италијанскиот Милан, е пратen на заем во Сао Пауло, додека во клубот ќе дојде некогашниот репрезентативец на Бразил, Жадсон.

Пато беше еден од играчите на Коринтијанс кој беше сериозно критикуван на минатонеделните протести на навивачите поради лошите резултати, па челниците на клубот, на негово барање, одлучија да го испратат во Сао Пауло.
Коринтијанс во јануари минатата година издвои околу 15 милиони евра за доведување на Пато од Милан, со што неговиот трансфер беше еден од најголемите во историјата на бразилскиот фудбал, но 24-годишниот напаѓач не успеа да стане двигател на екипата.
Од друга страна, 30-годишниот Жадсон е испратен на заем во Коринтијанс. Тој минатата година го освои Купот на конфедерациите, но во последно време играше лоши партии и не беше во составот на репрезентацијата.

Најнови вести