Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2014

Рожерио Сени го надмина Гигс

Рожерио Сени, голманот на Сао Пауло, синоќа стана фудбалер со рекорден број победи за еден клуб, престигнувајќи го Рајан Гигс.

Сао Пауло во 31-вото првенствено коло на Бразил го победи Гојас со 3-0, што за 41-годишниот Сени беше 590-та победа во дресот на клубот, една повеќе од Гигс, кој се повлече во мај оваа година.
Сени е рекордер и според бројот на голови коишто ги постигнал голман, бидејќи топката ја испраќаше во мрежата 123 пати.
„Секој играч кој ќе помине 20 години во еден клуб има големи статистички броеви. Јас сето тоа му го должам на Бог, на своите пријатели и на соиграчите, и на постојаната желба да се победува“, изјави Сени.
Сени веќе 24 години игра за Сао Пауло и е сопственик и на други рекорди, како што е рекордот за најмногу натпревари одиграни за клуб (1.135 по вчерашниот) и за најмногу настапи како капитен (928). И двете серии сè уште траат.

Најнови вести