Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2016

Пато потпишува за Челзи до крајот на неделата

Алешандре Пато постигна устен договор со Челзи во врска со доаѓањето во лондонскиот клуб, тврди бразилскиот ЕСПН.

Според изворот договорот на три години би требало да биде потпишан до крајот на седмицата.
Пато од 2007 година од Интернационал помина во Милан каде беше пет години, а во 2012 година потпиша за Коринтијанс. Како потенцијално засилување на тимот на Гус Хидинк се споменува и фудбалерот на ПСЖ Езекиел Лавеци.
Пато со тимот на Милан беше шампион на Италија во 2011 година, а за репрезентацијата на Бразил одигра 27 натпревари и постигна 10 голови.
Менаџерот на Челзи Гус Хидинк од класичните напаѓачи на располагање ги има само Диего Коста, Лоик Реми и Фалкао, па има потреба од освежување во офанзивната линија на тимот во продолжението на сезоната.

Најнови вести