Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2015

Паоло Гереро во Фламенго

Бразилскиот Фламенго го ангажираше перуанскиот напаѓач Паоло Гереро на период од три години, пренесоа бразилските медиуми.

Популарниот бразилски клуб се реши да ги засили своите редови со триесет и едногодишниот Гереро, кој не ја продолжи соработката со Коринтијанс поради финансиски причини. Коринтијанс имено не можел да му ја понуди платата која ја барал Перуанецот.
Гереро е еден од напаѓачите на перуанската репрезентација која следниот месец во Чиле ќе учествува на Копа Америка.
Фламенго пред неколку денови го отпушти тренерот Вандерлеј Луксембурго откако тимот освои само еден бод по првите три кола во бразилската Серија А. Него на клупата го замени Кристовао Борхес кој е без клуб откако доби отказ од Флуминенсе порано годинава.

Најнови вести