Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2017

Шок на „Маракана“ - Индепендиенте останува крал на Куповите

Фудбалерите на аргентинскиот Индепендиенте го освоија Копа Судамерикана откако во финалето славеа над бразилскиот Фламенго со вкупен резултат 3-2.

По 2-1 во првиот натпревар за Индепендиенте, аргентинскиот тим оствари реми 1-1 во Рио де Жанеиро и дојде до големиот успех.
Пред 56.000 гледачи на „Маракана“, Фламенго поведе по половина час игра, беше изведен слободен удар, во акцијата учествуваа стоперите на домашниот тим, Жуан и капитенот Ревер, а топката на крајот дојде до Лукас Пакета, кој со погодокот им донесе голема радост на навивачите на најпопуларниот бразилски клуб.
Пред паузата, и 4.000 гостински навивачи имаа причина за да слават – Куелјар во шеснаесетникот го фаулираше Меса, судијата оправдано досуди пенал, а прецизен од 11 метри беше 18-годишниот талентиран крилен напаѓач Езекиел Барко.
Очајните обиди на Фламенго во продолжението не дадоа резултат, Ревер не погоди две добри шанси, а Пакета уште една, по самостојниот продор. До крајот гостите од Авелјанеда ги сочуваа ремито и предноста во вкупниот скор и дојдоа до трофејот во Копа Судамерикана.
Индепендиенте седум пати игра во финалето на Копа Либертадорес и два пати на Копа Судамеиркана и ниту еднаш нема изгубено.

Најнови вести