Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2012

Адријано доби отказ во Фламенго

Проблематичниот бразилски фудбалер Адријано доби отказ во Фламенго и со тоа веројатно уште повеќе се приближи кон завршување на неговата кариерата.

Триесетгодишниот Адријано по трет пат стана член на Фламенго, кој му даде шанса откако во март доби отказ во Коринтијанс. Но некогашниот напаѓач на Интер, Парма и Рома со своето непрофесионално однесување, пропуштање тренинзи и чести ноќни излегувања, не им остави многу избор на клупските челници.
Адријано од новото доаѓање во Фламенго не одигра ниту еден натпревар, а во понеделникот објави дека до крајот на годината нема намера да се врати на терен. Еден ден подоцна реагираше Зињо, директорот на Фламенго, и го потврди раскинувањето на договорот со контроверзниот фудбалер.
„Нема да се откажеме од обидите да му помогнеме на Адријано да се врати на вистинскиот пат во приватниот живот, но во професионална смисла дојде до крајот“, порача Зињо.

Најнови вести