Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2016

Милан го пушти Де Јонг, заминува кај Џерард

Управата на Милан и играчот за врска, Најџел де Јонг ја прекинаа соработката по четири години.

Холандскиот фудбалер од септември одигра само еден првенствен натпревар за Милан.
Извршниот директор на Милан Адријано Галијани потврди дека Де Јонг преговара со Лос Анџелес галакси од МЛС лигата, па клубот веднаш му овозможи слобода за промена на средината.
Галијани додаде дека Милан нема да доведува нови играчи.
„Апсолутно не. Ако погледнете колку играчи имаме во тимот ќе забележите дека по број ги покриваме сите позиции“, наведе Галијани.
Тој изјави и дека минатата седмица пропадна трансферот на Луиз Адријано во еден кинески клуб, но дека преговорите би можеле да бидат продолжени, бидејќи преодниот рок во Кина трае до крајот на февруари.
„За сега нема ништо ново. Преодниот рок во Кина е отворен до 26 февруари, но не знам што ќе се случи“, изјави Галијани. 

Најнови вести