Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2016

Пато официјално на позајмица во Челзи

Фудбалерот на Коринтијанс Алешандре Пато дојде на позајмица во Челзи до крајот на сезоната, соопшти клубот од Лондон.

Пато до крајот на сезоната ќе остане на „Стемфорд бриџ“ со можност англискиот клуб да го откупи договорот од Коринтијанс за седум милиони фунти, пренесоа англиските медиуми.
Поранешниот напаѓач на Милан во средата допатува во Лондон и по лекарските прегледи го потпиша договорот.
„Среќен сум што потпишав за Челзи, тоа за мене е како сон. Едвај чекам да ги запознаам соиграчите и да заиграм со нив. Благодарен сум за поддршката која ја имам од Челзи и се надевам дека ќе ја оправдам довербата на клубот и на навивачите“, изјави дваесет и шестгодишниот Пато за интернет страницата на Челзи.
Пато ја започна својата кариера во бразилскиот Интернасионал од каде во 2007 година помина во Милан. Тој во 2013 година замина во Коринтијанс, а од минатата сезона е позајмен играч во Сао Пауло, за кој досега постигна 38 голови.

Најнови вести