Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2016

Барселона го продаде Адријано на Бешикташ

Бразилскиот фудбалер Адријано ја напушти Барселона и прејде во Бешикташ, потврди шпанскиот шампион.

Бешикташ за трансферот платил 600.000 евра, но Барселона ќе добие уште 1,7 милион доколку турскиот шампион се пласира во Лигата на шампионите.
Триесет и едногодишниот лев бек во Барселона мина шест сезони за кои освои 16 трофеи, вклучувајќи два во Лигата на шампионите.
Досега забележа 113 настапи за каталонскиот тим и постигна девет голови, но минатите сезони неговата кариера ја одбележаа неколку повреди поради што не остави поголема трага во тимот.
Барселона на левата одбранбена позиција го има Џорди Алба, а замена ќе му биде Лукас Дињ кој дојде ова лето, а таа позиција може да ја покрива и Самуел Умтити, новото засилување од Франција.

Најнови вести