Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2016

Челзи: Пато на местото на Фалкао за Лига шампиони

Челзи не го регистрираше Радамел Фалкао за продолжението во натпреварувањето во Лигата на шампионите, а наместо него шанса да заигра за „сините“ во најсилното натпреварување на Европа ќе добие Алешандре Пато.

Фалкао од октомври минатата година не играше поради повреда, но ни пред тоа, кај Жозе Мурињо не добиваше често шанса на теренот. На само девет натпревари постигна еден гол.
Кон крајот на јануари Челзи го позајми Пато од Коринтијанс.
„Сините“ во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се сретнат со ПСЖ, а првиот натпревар ќе се игра на 16 февруари во Париз.

Најнови вести