Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2016

Милан веќе го продава Адријано

Напаѓачот Луиз Адријано би можел да го напушти Милан само шест месеци по доаѓањето од Шахтар.

Бразилецот не ги оправда очекувањата, постигнувајќи само пет голови, а „росонерите“ би можеле веќе во јануари да заработат на неговиот трансфер.
Имено, Адријано го сакаат кинеските клубови, Пекинг и Џангсу, а подготвени се да платат 13 милиони евра, пет повеќе отколку што Милан му плати на Шахтар.
Миланскиот клуб потврди дека Адријано се наоѓа во преговори, па поради тоа Синиша Михајловиќ не смета на него за денешниот дуел со Карпи во Купот на Италија.
Српскиот стручњак за овој натпревар од четврт-финалето на „Сан Сиро“ нема да има напаѓач помалку бидејќи во тимот се враќа Марио Балотели, но покрај Адријано отсутни ќе бидат и Филип Мексес, Жереми Менез, Диего Лопес и Родриго Ели.

Најнови вести