Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2016

Вилјареал го купи Пато за 3 милиони евра

Бразилецот Алешандре Пато се враќа во Европа, кариерата ќе ја продолжи во Примера.

Пато е новиот напаѓач на Вилјареал кој од Коринтијанс откупи 60% од правата на играчот за 3 милиони евра.
Коринтијанс своевремено го доведе од Милан за 15 милиони евра, а во меѓувреме го испрати на позајмица во противничкиот Сао Пауло и Челзи минатата зима.
Пато пред неколку седмици наводно одби да замине во Лацио, а во последните три години на 163 натпревари во Бразил постигна 55 голови.
За Челзи настапи само два пати во пет месеци и постигна еден гол.

 

Најнови вести