Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2012

Робињо во Фламенго, Пато во Коринтијанс?

Лошата полусезона за Милан може да добие уште понесреќен крај - на повидок е заминувањето на двајцата Бразилци од „Сан Сиро“ – Алешандре Пато и Робињо.

Пато беше желба на актуелниот светски шампион Коринтијанс, чиј претседател Марио Гоби во неделата го потврди тоа:
„Ги имаме парите што ги бараше Милан. Сè е спремно за доаѓање на Пато“.
Робињо ќе премине во Фламенго. Некогашниот шампион на Бразил за него ќе плати десет милиони евра, а дури три четвртини од тие пари ги издвои спонзорот на трансферот „Адидас“.
Галијани, претседателот на Милан, потврди дека двајцата фудбалери самите барале да си заминат.
Милан е принуден да размислува за засилувања, не само поради заминувањето на Пато и Робињо. Прв пик е Марио Балотели, за кого „росонерите“ се спремни да понудат 20 милиони евра. Колку е тоа реално, ќе се дознае во наредните денови.

Најнови вести