Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2013

Менезес нов тренер на Коринтијанс

Поранешниот селектор на бразилската фудбалска репрезентација Мано Менезес (51) и официјално е потврден за нов тренер на Коринтијанс.

На клупата го наследи Тите, кој минатата година со клубот ги освои Копа Либертадорес и Светското клупско првенство, но не му е понудено продолжување на договорот.
За Менезес ова ќе биде втор мандат во клубот, а во првиот, меѓу 2007 и 2010 година, екипата ја одведе до титулите во: Серија Б, Првенството Паулиста и Бразилскиот куп. Во тој период имаше 103 победи, 49 ремија и 33 порази.
Штотуку завршената сезона Коринтијанс заврши дури на десеттото место во бразилската Серија А. Прв официјален натпревар на Менезес во новата улога ќе биде тој против Португеса на 18-ти јануари во Првенството Паулиста.
На клупата на бразилската репрезентација Менезес седеше меѓу 2010 и 2012 година.

Најнови вести