Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2013

Пато ги обвини лекарите на Милан

Алешандре Пато, 24-годишниот бразилски фудбалер, ужива во многу поубави моменти во кариерата откако ги напушти „Сан Сиро“ и Милан и дојде во бразилскиот Коринтијанс.

Се намали бројот на неговите повреди, игра почесто и подобро, сè поцврст е неговиот статус во репрезентацијата... Во актуелната сезона на бразилската Серија А тој е најдобар стрелец на својата екипа. Постигна осум погодоци во седумнаесет натпревари и го дели десеттото место на табелата на стрелците.
„Мислам дека лекарите во Милан ми направија многу штета во кариерата. Последните две, од шесте сезони во Милан, речиси и да не играв. Проблемот беше јасен, секогаш се враќав на теренот порано отколку што смеев и требаше. Поради тоа, повредите никогаш не си одеа засекогаш, туку се враќаа“, изјави Пато и додаде:
„Но, најдобро би било да не зборувам за тоа. Било, па поминало, сега навистина уживам во Бразил“, додаде Бразилецот.

Најнови вести