Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2012

Коринтијанс светски клупски шампион!

Бразилскиот Коринтијанс го победи Челзи со 1-0 во финалето на Светското клупско првенство со голот на Паоло Гереро во 69 минута.

Ова е втор трофеј светски шампион за бразилскиот клуб откако во 2000 година го освои пехарот во пилот-изданието на овој турнир по победата над Васко да Гама.
Челзи пропушти шанса да стане клупски шампион по прв пат во својата историја и остана без третиот можен трофеј сезонава, откако беше поразен во англискиот Комјунити шилд и во Суперкупот на Европа.
Натпреварот беше неизвесен, со претпазлива и резервирана игра, во која Челзи имаше повеќе шанси, а единствениот гол го постигна Гереро со удар со глава, по конфузија во одбраната на европскиот шампион, кој не успеа да се врати по примениот гол. Иако во финишот на натпреварот остана без Гери Кејхил кој доби црвен картон, напаѓаше со сите сили но голманот на Коринтијанс, Касио, имаше одлична партија и не дозволи да биде совладан.
Повеќе од 20.000 навивачи на Коринтијанс во текот на целиот натпревар силно ги бодреа своите фудбалери кои им донесоа голема радост и нов пехар и ја прекинаа доминацијата на европските клубови кои триумфираа последните пет години.

Најнови вести