Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2013

Коринтијанс потврди: Паулињо во Тотенхем

Бразилскиот фудбалски прволигаш Коринтијанс го потврди трансферот на 24-годишниот играч за врска Паулињо во редовите на Тотенхем со оштета од 17 милиони фунти.

„Сакам да му се заблагодарам на Паулињо за сè што направи за Коринтијанс. Никогаш нема да го заборавиме. Тој е прекрасна личност и Коринтијанс е многу горд што имаше играч како него во клубот“, изјави, меѓу останатото, Роберто де Андраде, директорот на Коринтијанс.
Паулињо на неодамна завршениот Куп на конфедерации, каде што ја освои титулата со репрезентацијата на Бразил, го понесе епитетот трет најдобар играч на турнирот. Досега за селекцијата настапи 17 пати и притоа постигна пет голови.
На новите соиграчи на „Вајт харт лејн“ Паулињо ќе им се приклучи по краткиот одмор.

Најнови вести