Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2016

Магат на клупата на Шандонг Луненг

Феликс Магат од денес е официјално тренер на кинескиот прволигаш Шандонг Луненг, а во текот на својата кариера ги предводеше тимовите на Баерн Минхен, Шалке и Волфсбург.

Тој на местото шеф на овој тим го наследува Бразилецот Мано Менезес.
„Како тренер, Магат ќе го води тимот во сите можни натпревари од сега“, објавија денес од Луненг.
Самиот Магат преку социјалните мрежи бјави дека е презадоволен што својата кариера ќе ја продолжи во Кина.
Германецот своевремено седеше на клупата на Шалке кога од Луненг во редовите на тимот од Бундеслигата помина тогашниот капитен на кинескиот клуб, Хао Џунмин.
Во текот на својата кариера Магат во два наврати ја освојуваше Бундеслигата со Баерн Минхен, а еднаш тоа му појде од рака и со тимот на Волфсбург.
Луненг во моментов се наоѓа на претпоследното место во Кинеската Супер лига, со сè на сè три реми и дури шест порази, по 11-тото коло, па Феликс Магат е доведен да го „изгаси пожарот“.

Најнови вести