Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2011

Хлеб заминува од Волфсбург

Германскиот бундеслигаш Волфсбург нема да го продолжи договорот со Александр Хлеб, кој е на заем од Барселона, поради честите проблеми со повредите на репрезентативецот на Белорусија.

„Тажен сум поради ваквата одлука. Сакавме да го откупиме неговиот договор, но поради честите повреди не можеме да го сториме тоа“, рече тренерот Феликс Магат.
Тој во Волфсбург дојде летово и за клубот настапи само на четири натпревари. Белорусинот на први јануари ќе се врати во шпанскиот клуб, но претходно ќе замине за Минхен, каде што ќе се обиде да го реши проблемот со повредата на бутниот мускул.
Хлеб во Барселона пристигна во 2008 година од Арсенал, но не успеа да избори статус на стандарден првотимец. Поради тоа сезоната 2009/10 ја мина на заем во Штутгарт, а следната во Бирмингам. За репрезентацијата на Белорусија одигра педесет и три меча и постигна седум гола.

Најнови вести