Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2012

Фламенго го отпушти тренерот Жоел Сантана

По шест месеци работа, бразилскиот фудбалски клуб му врачи отказ на тренерот Жоел Сантана. Серијата лоши резултати кулминираше со неделниот пораз од 1-0 кај Крузеиро.

Во својот петти мандат на клупата на еден од најтрофејните бразилски клубови 63-годишниот Сантана не успеа да остави длабока трага. По единаесет одиграни кола на првенството, Фламенго се наоѓа на 10-тото место на табелата, со четири победи, исто толку порази и три ремија, со негативна гол-разлика 15-17. Во неделата екипата го претрпе третиот пораз во последните четири натпревари, па челниците на клубот се одлучија за ново решение на клупата. Сега веќе поранешниот тренер клупата ја презеде во февруари, наследувајќи го поранешниот селектор на Бразил, Вандерлеј Лушембурго.

Сантана е трет сменет тренер во оваа сезона во бразилската Серија А, откако отказ заработија Доривал Жуниор во Интернасионал и некогашниот селектор Пауло Роберто Фалкао во Бахија.

Најнови вести