Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2011

Отпуштен по само 22 дена на тренерската клупа

Бразилскиот фудбалски клуб Крузеиро го отпушти Емерсон Авила само по 22 дена на тренерската клупа, па го замени со Вагнер Мансини, четвртиот тренер во последнава година.

По поразот 3-0 од Васко де Гама, лутите навивачи бурно демонстрираа поради особено лошите игри на нивните миленици. Крузеиро годината ја почна со тренерот Куко, кој подоцна беше заменет со Јужноафриканецот Жоел Сантана, а по него на клупата седна сега веќе отпуштениот тренер Авила.
Новиот човек на клупата на Крузеиро, Вагнер Мансини, на почетокот на овој месец беше отпуштен од Сеара, откако го водеше клубот неполни пет месеци.
„Манчини има договор до декември оваа година. Авила ќе се врати на својата претходна работа – технички координатор“, изјавија од клубот.
Смената на Авила воедно е 30-та промена на тренери во Бразил оваа сезона. Крузеиро моментно се наоѓа на 16-тото место на табелата во бразилската лига, со четири бода повеќе од местото кое води во понизок ранг.

Најнови вести