Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2011

Адријано неизвесен за одлучувачката средба на Коринтијанс

Некогашниот бразилски фудбалски репрезентативец Адријано, поранешен член на Интер од Милано и на Рома, ги загрижи навивачите на својот Коринтијанс пред последното првенствено коло во кое во гости им доаѓа Палмеирас.

Коринтијанс пред последното коло на бразилската Серија А има два бода предност пред Васко де Гама, па со евентуална победа би ја освоил првенствената титула.
Адријано вчера го пропушти тренингот на екипата поради силни болки во стомакот. Меѓутоа, по дополнителните испитувања се покажа дека напаѓачот страда од проблеми со желудникот, па би требало да биде спремен за натпреварот кој на распоредот е во недела.

Најнови вести