Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Рома на сила го продаде Стротман во Марсеј

„Римската волчица“ ќе добие 25 милиони евра од овој трансфер

Рома и официјално го продаде играчот за врска Кевин Стротман. Олимпик Марсеј е новиот клуб на холандскиот репрезентативец. Овој трансфер на Стротман многумина го нарекоа скандалозен, бидејќи е направен против волјата на играчот. 
Стротман имаше договор со Рома, но клубот реши добро да заработи од неговата продажба, па иако фудбалерот се противеше, на крајот мораше да си замине од „Олимпико“. Во Рома беше од 2013 година и беше еден од најстандардните. Минатата сезона одигра 44 меча во сите натпреварувања, даде еден погодок и имаше една асистенција.
Холанѓанецот има 28 години, а во кариерата уште има настаувано за ПСВ Ајндховен, Утрехт и Спарта од Ротердам. За националниот тим на „лалињата“ има одиграно 40 натпревари, во кои постигнал три голови. 

 

Најнови вести