Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Милан доби нов капитен, бил ист како Алесандро Неста

По Леонардо Бонучи, лентата останува кај дефанзивниот ред

Откако Леонардо Бонучи си замина од тимот, италијанскиот калчолигаш Милан го промовираше новиот капитен. Бонучи само една година помина на „Сан Сиро“, но ја доби честа да биде капитен, пред да реши повторно да се врати во Јувентус. 
Капитенската лента на „росонерите“ ќе остане во дефанзивниот ред и тоа на раката на Алесио Ромањоли. Младиот 23-годишен играч од одбраната, дојде во Милан во 2015 година, а по само три години ја доби честа да биде предводник на теренот на некогашниот европски и светски првак. Од таборот на Милан имаа објаснување зошто токму Ромањоли ќе биде капитен. 
„Алесио Ромањоли беше единственото светло на крајот од тунелот во последните два месеци, кои беа многу тешки за Милан. Популарен е кај навивачите, сјаен соиграч, а е предводник и во соблекувалната. Се однесува како некогаш што беше Алесандро Неста. Умерен е, сериозен и вистински карактер. Затоа на него му припадна капитенската лента“, се вели во објаснувањето од клубот.