Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2013

Ужас во Бразил, еден навивач загина, повеќе од нив во кома

Ако некому досега не му беше јасно зошто многумина се сомневаат во безбедноста на претстојното Светско првенство во фудбал во Бразил, нека ги погледнат ужасните сцени на средбата во тамошниот шампионат.

Во натпреварот од последното коло се сретнаа Атлетико Параненсе и Васко де Гама. Домашните фудбалери се наоѓаат на третата позиција и се борат за пласман во Копа Либертадорес, додека некогашниот шампион Васко беше под огромен притисок, со оглед на тоа дека е пред испаѓање од елитата.
Поради поранешните инциденти на навивачите, Атлетико беше принуден да го пречека ривалот во Жоинвили, а полицијата ја замени приватната фирма за обезбедување.
Навивачите на Атлетико ги нападнале симпатизерите на Васко, а средбата се претвори во пекол. Натпреварот поради тоа доцнеше половина час.
Ситуацијата беше толку сериозна што повредените навивачи со хеликоптер беа префрлани во болница, а според првите информации, тројца симпатизери на гостинскиот тим се во кома, а вчера вечерта на интернет-страницата на Васко потврдено е дека еден навивач го изгубил животот.
Васко де Гама изгуби со 5-1 и испадна од бразилската Серија.

Најнови вести