Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2012

Петмина играчи на Васко де Гама добија црвени картони по мечот

По саботниот дуел од седмото коло на Купот на сојузната бразилска држава Рио де Жанеиро, Таса Рио, останаа последици. Гостинот Фламенго славеше кај Васко де Гама со 2-1 со голот на Роналдињо во втората минута од продолжението на натпреварот по контроверзно досудениот пенал.

Според извештаите на медиумите, играчи на Васко де Гама го бркале судијата Вагнер дос Сантос Роса на теренот по означувањето на крајот на мечот. На судијата му била потребна полициска заштита откако го опколиле бесните фудбалери на Васко де Гама, на кои најмногу им пречела ситуацијата од 78-та минута, кога судијата им досудил казнен удар.
Полицијата и редарите морале да формираат круг околу судијата за да го заштитат од жестоките протести на играчите на домашниот тим.
„Глобоеспорте“ известува дека петмина играчи на Васко де Гама поради своето однесување дополнително добиле црвени картони, а станува збор за Диего Соуза, Фелипе Бастос, Вагнер, Родолфо и Едуардо Коста.
Овие играчи нема да може да настапат во последното коло од натпреварувањето по групи, во неделниот дуел против Нова Игуасу.
Васко моментно го држи второто место во групата Б на Таса Рио, последно кое води понатаму, со еден бод пред Флуминенсе.

Најнови вести